Facebook Fans
СПОДЕЛИ НА FACEBOOK

БИДИ НАШ ОБОЖАВАТЕЛ

ПРИЈАТЕЛИ
 
Google Addsense

1997-1995

1997

Кире Николовски поради здравствени причини многу брзо го завршува престојот во ФК Беласица (Струмица) уште на почетокот на годината.

Богуслав Стојанов – Чика Божо (пријателот на Кире Николовски) го запознава Кире Николовски со еден негов талент од Бугарија(Иван Цветков). После запознавањето Кире Николовски му прави индивидуални тест тренинзи и заедно со неговиот пријател Богослав Стојанов го носат на тренинзи во ФК Брегалница каде што во овој тим актуелен тренер бил Драган Христовски (првиот тренер на Кире Николовски). После краток период Драган Христовски го назначуваат за тренер на најтрофејниот македонски фудбалски  клуб  ФК Вардар(Скопје). Подоцна Драган Христовски го ангажира младиот талент Иван  Цветков во ФК Вардар.
слика 1, слика 2

18.07.1997     FK HEERENVEEN
После престојот во ФК Вардар, младиот Иван Цветков (по иницијатива на екс директорот на ФК Вардар – Драган Томовски) заминува во Холандија во ФК Херафен заедно со неговиот индивидуален тренер - Кире Николовски.

слика 1

За понатамошното ангажирање на младиот талент Игор Цветков во ФК Херафен најзаслужни беа Драган Томовски и Драган Путевски – Паб кои подоцна стануваат агенти на FK HEERENVEEN
слика 1

Во тој период Кире Николовски се запозна со легендата на FK HEERENVEEN Фооп Де Хан(сегашен селектор на холандската фудбалска репрезентација  до 21 година). Нивната комуникација и соработка трае се уште.
слика 1

28.08.1997
Доаѓа Лук (главниот агент на
FK HEERENVEEN од Холандија) со цел да пронајде нови таленти на балканијадата во Битола за време на натпреварот Македонија – Југославија. За време на натпреварот Лук врши консултации со Драган Томовски, Богуслав Стојанов, Пепи Цветков(легенда на ФК ПИРИН и таткото на младиот талент Иван Цветков) и Кире Николовски во врска со изборот на еден од  тројцата веќе избрани таленти Горан Здравков, Александар Баевски и Борче Постолов. Од тројцата млади таленти избран е Борче Постолов кој заминува во FK HEERENVEEN каде што постанува соиграч на претходно ангажираниот млад талент Иван Цветков(вториот бугарски фудбалер ангажиран во холандското фудбалско првенство).
слика 1

15.07.1997
Кире Николовски по враќањето од Холандија го завршува третиот степен по англиски јазик.

слика 1

1996

13.04.1996
Кире Николовски го игра последниот официјален натпревар во дресот на Брегалница(Штип).
  Со тој натпревар Кире Николовски одигра 124 официјални натпревари во дресот на Брегалница (Штип). Во ФК Брегалница го тренирале следниве тренери: Драган Христовски, Економов Стојанче, Стојанче Арсов (Џали, Чичо), Јордан Ражанков, Стево Илиев(Гуња), Никола Штериев, Шишков Методи, Петровиќ Јеличиќ, Кочо Димитровски(Легенда на ФК Вардар), Кирил Дојчиновски(легенда на ФК Црвена Ѕвезда), Мирко Наџаков и Мијалче Маџунаров.
слика 1, листа на натпревари ФК Брегалница 1    2    3    4

13.07.1996
Кире Николовски има средба со Звонко Петровиќ (фудбалер кој променил 21 фудбалски клуб во својата кариера дотогашна кариера. Негови најпознати
  дотогашни тренери биле: Гица Дамјановиќ, Љубиша Тумбаковиќ, Велибор Васовиќ, Бранко Жутиќ, Владица Поповиќ, Пеѓа Станоевиќ, Баја Малиќ, Душан Кондиќ, Благоја Митиќ, Владо Перовиќ, Сееферовиќ Ненад, Серѓо Маџисела, Клаудио Костањини, Веронези, Манојловиќ, Мики Ивановиќ и Драган Христовски
слика 1

1995

Кире Николовски е член на ФК Брегалница(Штип)

Во слободно време Кире Николовски посетува приватни часови по англиски јазик во приватната школа  ВИСТА кај проф. Лидија Ефтимова која моментално живее и работи во САД.
слика 1

10.06.1995
Кире Николовски завршува прв степен по англиски јазик

слика 1

04.12.1995
Кире Николовски завршува втор степен по англиски јазик

слика 1

ПРЕДХОДНО СЛЕДНО