Facebook Fans
СПОДЕЛИ НА FACEBOOK

БИДИ НАШ ОБОЖАВАТЕЛ

ПРИЈАТЕЛИ
 
Google Addsense

1994-1992

1994

Кире Николовски е член на ФК Брегалница(Штип)
Кире Николовски освен тренинзите во ФК Брегалница - Штип, започнува, самоиницијативно да прави лични индивидуални (футинг) тренинзи во природа, а исто така започнува да тренира самоиницијативно во најтрофејниот БК Балканец – Штип.
слика 1 слика 2

1993

Кире Николовски е член на ФК Брегалница(Штип)
слика 1

22.08.1993
Кире Николовски инспириран од навивачката група Фаланга – Штип(која беше прогласена за најдобра
 навивачка група во Македонија во сезоната 1992/1993) посебно на скандалозниот(прекинат) натпревар во Кочани(14.06.1993) помеѓу Осогово и Брегалница на кој присуствуваа над 10 000 посетители, започнува да води спортски дневник каде што ќе продолжи да ги бележи искуствата и знаењата на луѓето коишто се поврзани со фудбалската игра, особено настаните во ФК Брегалница – Штип.
слика 1, слика 2

1992

Кире Николовски е член на ФК Брегалница(Штип)

23.08.1992
По осамостојувањето на Р.
Македонија од СФР Југославија, се формира првата македонска фудбалска лига во која се натпреварува и ФК Брегалница заедно со најсилните гиганти ФК Вардар и ФК Пелистер.
слика 1 слика 2

Кире Николовски како член на ФК Брегалница – Штип од страна на новинарите го зазема 4тото место на ранг – листата на најдобрите десни халфови во првата македонска фудбалска лига
слика 1

23.09.1992
На градски стадион во Скопје е одигран првиот ноќен натпревар во историјата на македонскиот фудбал во кој се вршел ТВ пренос. Во тој натпревар игра и Кире Николовски(бр.
11) како член на ФК Брегалница.
слика 1

01.11.1992
Кире Николовски во дресот на ФК Брегалница за време на натпреварот ФК Брегалница 3 – 1 ФК Пелистер пред 6 000 посетители ќе остане засекогаш запаметен од навивачите на ФК Брегалница. Имено тој во текот на натпреварот направи шоу во кое
 жонглираше со глава 12 пати цели 40 метри.

ПРЕДХОДНО СЛЕДНО