Facebook Fans
СПОДЕЛИ НА FACEBOOK

БИДИ НАШ ОБОЖАВАТЕЛ

ПРИЈАТЕЛИ
 
Google Addsense

1991-1981

1991

Кире Николовски отсуствува од терените на ФК Брегалница поради неговото заминување во ЈНА – Југословенска Народна Армија во градот Вировитица (Хрватска).

15.05.1991
Кире Николовски за време на отслужување на воениот рок во ЈНА во натпреварите по атлетика во дисциплините 100, 400 и 3000м освојува прво место (Шампион)

слика 1, слика 2, слика 3

21.05.1991
Кире Николовски за време на отслужување на воениот рок во ЈНА во пролетниот крос во конкуренција на 600 војници го зема првото место.

слика 1

1990

30.06.1990
Кире Николовски заминува да го отслужи воениот рок во ЈНА – Југословенска Народна Армија во градот Вировитица
(Хрватска).

Истиот тој ден се одигра полуфиналниот натпревар на фудбалското светското првенство во Италија помеѓу Аргентина и Југославија.
слика 1

03.07.1990
Кире Николовски после тридневниот престој успева да се избори за место во екипата на својата касарна. Со таа екипа тој учествува во игрите во мал фудбал каде што игра како одбранбен играч. На турнирот Кире Николовски е најдобар стрелец.

слика 1, слика 2

1989

04.06.1989
Кире Николовски поминувајќи ја пионерско
- младинската фудбалска школа на ФК Брегалница кај тренерот Драган Христовски, започнува да настапува во првиот тим на ФК Брегалница. Својот прв натпревар го игра во меѓу републичката трета лига исток против ФК Црвена Ѕвезда во Гнилања.
слика 1, слика 2, слика 3, слика 4

1981

Кире Николовски на 10 годишна возраст(како најмлад играч) на општинскиот натпревар во мал фудбал во кој играл за своето основно училиште ,,Тошо Арсов, беше откриен од страна на тогашниот тренер на пионерската екипа на ФК Брегалница, Драган Христовски. Од тие денови Кире Николовски започнува со тренинзи во пионерската екипа на ФК Брегалница кај тренерот Драган Христовски, каде што подоцна благодарение на неговиот прв тренер стигнува и до првата екипа на ФК Брегалница – Штип.
слика 1, слика 2

ПРЕДХОДНО