Facebook Fans
СПОДЕЛИ НА FACEBOOK

БИДИ НАШ ОБОЖАВАТЕЛ

ПРИЈАТЕЛИ
 
Google Addsense

INTERNACIONAL SOCCER FUTURE MINI CAMP 2010


Почитувани, ве известуваме дека во летниот период ќе правиме мини камп на полигонот на индивидуалниот фудбалски тренер Живан Ракиќ (Чика Рака) во Белград. Фудбалските тренинзи ќе ги одржуваат експертот за млади таленти Живан Ракиќ (Чика Рака) и Кире Николовски – Струја во улога на негов асистент. Мини кампот ќе има три периоди (јуни, јули и август) и секој од нив ќе трае најмалку 10 дена. Тренинзите ќе бидат 2 пати дневно. Во секој период ќе учествуваат најмногу 8 таленти од цел свет. Доколку сакате и вие да бидете еден нив, оставете ги вашите податоци во следнава апликација. Од сите апликации кои ќе ни бидат навремено доставени, ќе селектираме само 8. Предност имаат талентите кои ќе ја пополнат апликацијата целосно со реални информации. За повеќе информации исконтактирајте преку полето КОНТАКТ

Што добивате? 

  • Искрена и прецизна проценка за вашите фудбалски способности (т.е. колкави се вашите фудбалски можности)
  • Професионалност
  • Загарантиран напредок (за период од 10дена)
  • Усовршување на техниката
  • Усовршување на тактиката
  • Подобрување на физичките предиспозиции
  • Поврзување со менаџери и спонзори
  • Запознавање со балканските и српските културно-историски вредности

Цената ќе биде одредена според вашите оставени податоци и за истата ќе бидете известени по е-маил.

Аплицирај

Јуни 2010