Facebook Fans
СПОДЕЛИ НА FACEBOOK

БИДИ НАШ ОБОЖАВАТЕЛ

ПРИЈАТЕЛИ
 
Google Addsense

МЕТОД НА РАБОТА НА КИРЕ НИКОЛОВСКИ (СТРУЈА - шампион)

Фудбалот е колективен спорт, но факт е дека индивидуалисти (поединци) одлучуваат за успехот\неуспехот на еден фудбалски клуб. Мојот индивидуален метод се базира на 15 годишното искуство фудбалска кариера и досегашното 12 годишно искуство како индивидуален фудбалски тренер и последните 3 години специјализација кај мојот колега со 35 годишно искуство - Живан Ракиќ (Чика Рака). Досегашната работа како индивидуален фудбалски тренер даде голем придонес кај сите оние кои правилно го применуваа мојот метод на работа. Доказ за успешната работа со фудбалери се и многубројните коментари кои пристигнуваат на оваа веб страна од нивна страна. Успехот е загарантиран, одлуката е ваша.

 

Што бараме (кои од талентите имаат предност за соработка)?

  • талентите на возраст помеѓу 7-11 години и 11-19 години
  • да бидат здравствено способни
  • да имаат талент
  • да имаат желба за успех
  • доколку се во можност да достават видео материјал(преку кој ќе покажат дел од нивниот талент) со цел да се направи анализа и селекција пред почетокот на тестирањето
  • задолжително да се напише кратка биографија

Што нудиме (кои се вашите добивки од нашата соработка)?

  • професионалност
  • загарантиран прогрес за краток временски период (1 недела, 2 недели.....во зависност од неговиот интерес и неговата интелектуална способност)
  • усовршување на техниката
  • усовршување на тактиката
  • подобрување на физичките предиспозиции
  • искрена и прецизна проценка за вашите фудбалски способности(т.е. колкави се вашите фудбалски можности)
  • бесплатни тренинзи на материјално слаби таленти
  • поврзување со менаџери и спонзори
  • целосен преглед и совети за физичко и психичко зајакнување. (проф. д-р Ванчо Поп-Петровски - спец. по спортска медицинаи спец. по гимнастика)

 

Според мојата лична филозофија за еден фудбалер да биде успешен постојат 4 работи помеѓу кои треба да има баланс:

  1. ?
  2. ?
  3. тренинг
  4. ?

Доколку сте заинтересирани за овој метод на работа и сакате да дознаете кои се останатите 3 работи кои се неопходни за еден фудбалер да се издигне на највисоко ниво, и да ме ангажирате контактирајте ме во полето КОНТАКТ

Напомена: Поради големиот интерес за овие индивидуални тренинзи кои веќе ги посетуваат фудбалери од цел свет, вие треба да закажете најмалку 1-2 месеци однапред. 


 

Аплицирај за овој метод