Facebook Fans
СПОДЕЛИ НА FACEBOOK

БИДИ НАШ ОБОЖАВАТЕЛ

ПРИЈАТЕЛИ
 
Google Addsense

Причини поради кои постоиме

Причини поради кои постои оваа веб страница е претставување на нов метод на индивидуални тренинзи. Индивидуалните тренинзи со фудбалери кои ги одржуваме се тренинзи кои овозможуваат на најбрз и наједноставен начин на фудбалерот да ги отстрани своите слабости и да ги усоврши своите квалитети на највисоко ниво. Индивидуалниот тренер Кире Николовски (Струја - Шампион) има 12 годишно искуство, а неговиот колега Живан Ракич (Чика Рака) има 35 години искуство и има создадено свој метод за усовршување на способностите на фудбалерот. Тој метод е докажан на научна база. За овој вид тренинзи ние подготвуваме проект кој би требало да го презентираме во блиска иднина.

 

Втората причина поради која постои овој веб сајт е отворено јавно комуницирање на посетителите во врска со доусовршување на фудбалската игра т.е. нивно размислување за предностите и недостатоците во фудбалската игра. Со оглед на тоа дека фудбалските правила се менуваат пред секое светско првенство, бараме од вас искрено мислење за промените во фудбалските правила бидејќи ние од вашите мислења ќе направиме заклучок кој ќе го доставиме преку нашата однапред создадена организација и до ФИФА и УЕФА од кои ќе бараме да ги анализираат и да ги прифатат нашите барања со цел фудбалската игра да биде на повисоко ниво.