Facebook Fans
СПОДЕЛИ НА FACEBOOK

БИДИ НАШ ОБОЖАВАТЕЛ

ПРИЈАТЕЛИ
 
Google Addsense

НАША ЦЕЛ И НАША ВИЗИЈА

Се тече, се се менува (Panta rei)! Фудбалската игра како најспоредна работа на светот исто така е флексибилна. Обично пред секое фудбалско светско првенство се воведуваат едно до две нови правила со цел да се доусоврши фудбалската игра. Мојата визија е преку форумот на оваа веб страна да ги оставите вашите мисли(коментари) и идеи со цел да се формира јавно глобално мислење за доусовршување на фудбалската игра. Моето 16 годишно водење на спортски дневник во кој се евидентирани сите разговори и дебати со фудбалски тренери, фудбалери, фанови и менаџери од цел свет доведе до заклучок дека е потребна промена на неколку правила во фудбалската игра кои ќе се одразат позитивно врз нејзино доусовршување. Мојата цел е создавање на организација на глобално ниво која ќе има за задача вашите заклучоци и барања да ги достави до ФИФА и УЕФА од кои ќе бараме да ги анализираат и да ги прифатат со цел фудбалската игра да биде на повисоко ниво т.е. да биде попривлечна и поинтересна, а тоа ќе придонесе уште поголема гледаност и популарност. Освен тоа јас имам направено своја игра за деца која наскоро ќе биде патентирана и претставена на глобално ниво. Целта на играта е на полувремето од фудбалскиот натпревар да се направи шоу тајм преку кој ќе се задржи вниманието на посетителите и додека трае полувремето.